
Пуштен во вода пред 25 години, единствениот руски носач на авиони “Адмирал Кузнецов,” за прв пат во историјата на морнарицата учествува во борбени дејствија, соопшти министерот за одбрана Сергеј Шојгу.
Тоа се случило денеска крај бреговите на Сирија, а авионите Су-33 нападнале цели во сириските провинции Идлиб и Хомс. Досега борбената авијација сместена на брод извршуваше само разузнавачки летови над небото на Сирија.
Нивни цели биле магацини со муниција и “главен центар за подготовка на терористи”, додаде Шојгу.
Исто така биле нанесени удари со ракетите “калибар”, кои биле испалени од фрегатата “Адмирал Григорович” кон цели во истите две провинции. Фрегатата го напушти Севастопол и пристигна на сириските брегови на почетокот на ноември.
Сириски медиуми јавуваат дека авијацијата на Башар ал Асад ги бомбардира бунтовниците во Алепо, вклучувајќи во историскиот центар на градот.
https://youtu.be/O2coaWAf4Aw
Руската армија продолжува да го одржува “хуманитарно прекин на огнот” во регионот, што започна на 18 октомври. За цивилите и оние кои сакаат да го напуштат за разоружаните бунтовници се создадени 6 коридори.