Временска прогноза

од Vladimir Zorba
146 прегледи

 

 Времето  во Македонија ќе биде сончево со умерена облачност. Претпладне по котлините ќе има услови за појава на ниска облачност и слаба магла.esen

Утринската температура ќе се движи од минус осум до еден, а дневната од пет до 12 степени.

Во Скопје претпладне со ниска облачност, а преку денот сончево со умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од југоисточен правец.

Утринската температура ќе се спушти до четири, а дневната ќе се искачи до осум степени.

Во наредните денови не се очекува промена на времето, освен во деновите од викендот кога ќе има услови за слаб локален дожд. Дневните температури ќе бележат постепен пораст.