При преземањето на функцијата Доналд Трамп ќе има работа со огромен број надворешнополитички проблеми, но украинската криза се издвојува со својата важност и збунетост, пишува National Interest.

Доволно е да се каже дека токму настаните во Украина беа причина за максимално влошените руско-американски односи од времето на Студената војна.
За време на предизборната кампања Трамп не еднаш изјавувал дека ќе се залага за решавање на кризата во билатералните односи, бидејќи продолжувањето на сегашниот надворешнополитички курс може да доведе само до трка во вооружување и зголемување на тензиите меѓу НАТО и Русија.
За ублажување на последиците од украинската криза, National Interest нуди три чекори.
Примарната задача е да се најде компромис со Русија по Крим, на пример САД и ЕУ нема да ја признаат формално припадноста на полуостровот кон Русија, но и нема да инсистираат за негово враќање на Киев.

Второ, земјите треба да се договорат за почитување на статус кво-то во Донбас и да постигнат неодложно извршување на договорот за прекин на огнот.
Трето, Русија и Европа да бидат убедени заедно со САД да и укажат на Украина економска помош. Според изданието, таа треба да биде употребена во обновување на уништена инфраструктура и во исплата на компензација на бегалците и жртвите за време на воените дејствија.
Економската и политичката стабилност на Украина е поволна за сите, вклучувајќи ја и Русија, а Доналд Трамп има можност да преземе мерки за враќање на односите со Москва во конструктивнен однос и така да го изведе светот од опасниот ќорсокак.