Временска прогноза

од Vladimir Zorba
67 прегледи

 

Времето во Македонија ќе биде сончево со умерена облачност. Во претпладневните часови по котлините ќе има појава на ниска облачност и слаба магла.5165115

Утринската температура ќе се движи од минус пет до нула, а дневната од осум до 15 степени.

Во Скопје претпладне со магла, а преку денот сончево со умерена облачност. Утринската температура ќе се спушти до минус два, а дневната ќе се искачи до 10 степени.

Во наредните денови ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност и со пораст на дневната температура. По котлините се уште во претпладневните часови ќе има услови за слаба магла. Само во деновите од викендот ќе има услови за локален слаб дожд, но сепак во поголемиот дел од земјава ќе се задржи суво.