ВИДЕО: Американскиот комичар Стивен Колберт им се обрати на младите велешани кои му помогнаа на Трамп

од Vladimir Zorba
107 прегледи

Еден од најпопуларните американски комичари Стивен Колберт во синоќешното издание на своето лејт најт шоу „The Late Show with Stephen Colbert“ на националната американска телевизија „CBS“ зборуваше за лажните „вести“ кои масовно се споделуваа на Фејсбук во текот на изминатите месеци и влијанието кое тие го имаа врз изборите во САД и победата на Доналд Трамп. Тој директно им се обрати на македонските тинејџери кои објавуваа такви „вести“.

Делот во кој зборува за ова и ги споменува младите велешани почнува на 5:15 во видеото.

„100 различни вебсајтови доаѓаат од тинејџери од еден мал македонски град кои сакале да прават пари онлајн, и заклучиле дека најдобар начин да добијат повеќе споделувања на Фејсбук е да објавуваат сензационалистички и често лажни „вести“ кои добро им звучат на поддржувачите на Трамп. Што не носи до мојот нов сегмент „Еј, македонски тинејџери!“. Престанете! Зошто не можете да правите нормални тинејџерски работи?“, запраша Колберт.

Како што веќе пишуваа американските но и македонските медиуми, стотици вакви сајтови се регистирани во Велес и млади луѓе објавуваат вести кои делумно или целосно се лажни, а се во полза на Трамп а против Хилари Клинтон, а потоа тие „вести“ масовно се споделуваа на Фејсбук помеѓу американските поддржувачи на Трамп. Не е јасно во која мера ова влијаело врз убедувањето на гласачите да излезат и да гласаат за Трамп.colbert-264x426_c

По ова Фејсбук и Гугл решија да направат промени во своите политики, и да го ограничат пристапот до лажни вести, или да оневозможат заработка од такви сајтови.

Либертас