Сонувате ли да го обиколите целиот свет ? А кога тоа го сонувате, си велите ли дека тоа е невозможно и тешко дека некогаш ќе успеете?
Размислете повторно! Нема невозможни нешта и една млада Американка тоа го докажува.
Касандра де Пекол од Конектикат, САД, успева да ги пропатува сите суверени држави едвај на 27-годишна возраст , со што станува првата жена која успеала да го направи тоа.
Нејзиното име ќе биде запишано во книгата со рекорди и со друг рекорд – првиот човек кој успеал да оствари вакво патување за толку кратко време.
Касандра ја започнува авантурата во јули 2015 година. Го нарекува предизвикот на живот ” Експедиција 196 “, колку што се суверените држави. Од тогаш до сега таа успева да обиколи 181 од нив. До крајот на патувањето ѝ остануваат 15 држави и 40 дена. Таа патува како амбасадор на мирот од името на Меѓународниот институт за мир преку туризам.
Патувањето ја чини приближно 200 илјади долари ѝ е финансирано од различни спонзори. Исто така таа го користи Instagram како платформа за бесплатно сместување и размена, пишува boredpanda.com .

Нејзиното патување започнува во јули 2015 година, а до крајот на авантурата ѝ остануваат 40 дена и 15 држави.
Да го видиш целиот свет навистина е огромно задоволство и богатство за душата. Еве како еден човек едвај на 27 години успеал да го оствари својот сон.
Уште од импресивните фотографии на Касандра видете во галеријата тука.