Гардијан – Лондон
Одлуката на Вишиот суд дека е неопходно Владата да добие одобрение од Парламентот пред да ја отпочне постапката по член 50, предизвика очекувани гневни реакции од кампот кој го поддржа Брегзит.
Повиците „предавство“ и „војна проив демократијата“ го запенија Твитер на начин со кој се претпоставува дека оние кои ја водеа кампањата во име на суверенитетот пројавуваат извесно незадоволство да го прифатат она што е всушност супремитет.

Сега Вишиот суд издаде кратка и категорична советодавна мерка која во име на разјансувањето може да биде заокружена вака: затоа што Парламентот е суверен, неограничената извршна власт може да биде искористена единствено по прашања за кои Парламенетот го нема мандатот. Парламентарниот суверенитет значи дека претходниот закон – законот кој потчини дел од британското право на Европа во 1072 година, не коже да дејствува по член 50 без да биде потврдено од Парламентот.
Повиците на подржувачите на Брегзит за нечесна игра ги занемарува фактите. И двете страни сметаат дека случајот е под јурисдикција на Судот. Тие исто така се согласија дека прашањето единствено е како, а не дали да биде активиран член 50. Тоа не беше задкулисен обид за свртување на резултатот од референдумот.
Немаше никаков заговор. Напротив, тројцата од највисоките судии во Англија и Велс ги ислушаа ставовите и на двете страни претставени од едни од најдобрите правници во земјата, и едногласно се солгасија дека законот бара Парламентот да се произнесе.
Решението беше поставено толку категорично и јасно што е тешко да претпоставиме успешна жалба. Само заради таа причина Владата греши со тоа што упорно бара се повторно да се преиспита. Такво решение уште повеќе ќе го обремени извршувањето на ветувањето на премиерката за активирање на член 50 до крајот на март.
Тоа значи четиридневно разгледување на случајот во полн состав на Судот, кој во моментов вклучува единаесет постојани судии. Шкотска, Велс и веројатно Северна Ирска веројатно ќе сакаат да учествуваат со што ќе се заостри разединувањето. А секое заседание ќе биде директно пренесување пред светските пазари кои горат од желба да ја искористат несигурноста.
Наместо да продложи една скапа и подолготрајна битка во обид да се бара легитимност за грубо заобиколување на Парламентот, Владата ќе постапи доста помудро ако го направи тоа што требаше да го стори уште од самиот почеток – да побара одобрение од Парламентот за започување преговори врз основа на јасно објаснување што се надева да постигне.
Ненадминливиот политички проблем впрочем продолжува како да бидат надминати последиците од референдумот онака за да ја решава, а не да ја заострува ситуацијата. А во контекст на тврдењата за предвавство, кое е толку ревносно поддржано од некои од нејзините пратеници и активисти, премиерката може да смета дека е подобро да покаже дека се води до крај, дури на крајот и резултатот да биде ист.
Во некој момент наскоро таа треба да се исправи пред ненаситните фанатици во дебатите и да го каже пред нив својот став за идните односи на Велика Британија со ЕУ – и треба да го стори тоа во Парламентот.
Во меѓувреме, високи владини службеници ќе бидат на штрек. Тие знаат дека е малку веројатно да се согласат со обично гласање во двата дома. Тоа може да биде варијантата за која ќе треба да се плати најниска цена, но решението на судот, иако се внимава да не се даваат препораки, покажува дека е неопходен нов закон. Ако Владата мисли поинаку, постои опасност да се судри со нови правни предизвици.
Сепак, донесувањето на предлог закон со иста важност од Парламентот колку и да е краток и нејасно определен, навестува продолжување на бунтови и преговори, кои веројатно ќе ги уништат надежите за какви и да било други законски иницијативи до крајот на есента.
Но, сега тие пратеници кои ги поддржаа напуштањето и кои се мнозинство, се исправени пред предизвикот да бараат отчет од Владата без да ги потхрануваат конспиративните теории на подржувачите на Брегзитот.
Време е лабуристите да смислат и договорат јасна позиција, не само затоа што се официјална опозиција. Некои кои гои поддржаа останувањето, како Ник Клег, кој придаваше голема вашност за учество во тие дебати, би сакале меѓупартиски сојуз околу барањето за втор референдум кој ќе ја одобри конечната одлука и ангажман за останување на единствениот пазар.
За Џереми Корбин кожебио ќе биде тешко да го прифати тоа. Но, тој треба директно да каже што вусшност бара и како лабуристите ќе го оценат чекорот на Владата, не само затоа што можноста за предвремени избори е повторно на дневен ред.
Време е за стратегија, а не за серија важни, но разединувачки барања. Парламентот е повторно тука каде треба да биде – во центарот на дебатите. Сега лабуристите треба да влезат во вртлогот на случувањата, смело и принципиелно да ги поддржат националните интереси.