Хилари Клинтон призна дека тешко ја погодил изборниот пораз

од Vladimir Zorba
100 прегледи

2016-11-17t01-49-29-066z-1280x720-nbcnews-ux-1080-600

Претседателскиот кандидат на Демократската партија Хилари Клинтон, во своето прво, јавно обраќање по изборите од 8 ноември, призна дека тешко била погодена од поразот.

– Сакав да се свиткам како клопче, со некоја добра книга и никогаш да не излезам од дома, изјави Клинтон, во говорот на една детска хуманитарна организација, инсистирајќи дека „битката за американските вредности не дозволува откажување и кревање раце“.

Хилари Клинтон освои над еден милион гласови повеќе од републиканскиот кандидат Доналд Трамп, но загуби уверливо во распределата на електорските гласови.

– Појавувањето пред вас, не беше ни малку лесно за мене, рече таа во говорот пред присутните на фондацијата за детска заштита, забележувајќи дека измината недела многумина Американци се прашувале дали САД е таа земја за која тие мислат.

Клинтон, сепак, порача да се остават настрана сите такви дилеми, затоа што Америка тоа го заслужува.

– Верувам во Америка, па борбата за нашите (американски) вредности, не дозволуваат откажување, истакна Хилари Клинтон.

Претходно, во првичната реакција по соопштување на изборните резултати, таа изјави дека на републиканскиот кандидат Доналд Трамп треба да му се даде шанса да ја преводи Америка.

Во еден разговор со донаторите на партијата, чии детали „протекоа“ во јавноста, Клинтон рекла оти за изборниот пораз е виновен директорот на ФБИ, Џејмс Коми и неговото соопштение дека одново отвора истрага за мејловите на Клинтон, на само десет денови пред изборите, иако во јули беше објавено дека случајот се затвора затоа што нема кривична одговорност.

Демократската партија смета дека поразот бил „потврден“ со соопштението на Коми на два дена до гласањето дека (одново) нема кривична одговорност, што се смета дека на гласачите само им е потврдено оти е точно сомневањето на Трамп, дека Хилари Клинтон се заштитува од правниот систем.

Сите анкети на две недели пред изборите, покажуваа солидна предност на Клинтон пред Трамп, од десет до 15 отсто. т