
МИНИМАЛНИ ТЕМПЕРАТУРИ
-3 Скопје Петровец, -2 Струмица, Тетово, Д. Капија, Гевгелија, -1 Битола, Прилеп, 0 Скопје, Кр. Паланка, Лазарополе, Маврово, Штип, Дебар, Куманово, 1 Пожаране, 2 Виница, Ѓуриште, Претор, Дојран, Охрид, 3 Крушево, 4 Берово, Тополчани.
ВРЕМЕТО ДЕНЕС
Претежно сончево, со појава на слаба магла по одделни котлини. осбено претпладне. Ќе дува слаб ветер од југоисточен правец.
Максимална температура од 11 до 18.
Во Скопје сончево со слаба магла и со слаб југоисточен ветер. Тмакс до 13 степени.
ВРЕМЕТО УТРЕ
Сончево со мала до умерена облачност, по котлините и речните долини со појава на магла и ниска облачност, особено претпладне. Ќедуваслаб ветер од југоисточен правец. Утринската температура ќе се спушти од -4 до 2 степена, а највисоката дневана ќе достигне од 11 до 16 степени.
Скопје, сончево сомала до умерена облачност и со појава на слаба магла. Ќе дува слаб југоисточен ветер. Т мин/макс -3/13 степени.
Во наредните денови ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност и со пораст на дневната температура. По одделни котлини ќе има појава на слаба магла и ниска облачност, особено во претпладневните часови.
Од средината на наредната недела дневната температура ќе има тенденција на благо опаѓање.