САД: Антинацистичката резолуција на ОН ја ограничува слободата на говорот

од Vladimir Zorba
69 прегледи

 

САД се една од трите земји, кои вчера гласаа против резолуцијата на Обединетите нации, со која се осудува глорификацијата на нацизмот, а како причина за отфрлањето го наведоа ограничувањето на слободата на говорот и загриженоста дека Русија може да ја користи таа резолуција за политички напади врз своите соседи.komunizam-i-nacizam1

Резолуцијата наречена „Сузбивање на глорификацијата на нацизмот, неонацизмот и другите пракси, кои придонесуваат за поттикнување на современи форми на расизам, расна дискриминација, ксенофобија и нетолеранција“ беше усвоена од Комитетот на ОН за човекови права со 131 гласа „за“, три „против“ и 48 „воздржани“.

Освен САД против резолуцијата гласаа и Украина и Палау, држава во Пацификот.

– Безрезервно ги осудуваме сите форми на верска и етничка нетолеранција и омраза кај нас и ширум светот, изјави заменикот на американскиот претставник во Економскиот и социјалниот совет Стефани Амадео, појаснувајќи ја одлуката на САД за гласање против резолуцијата.

Таа додаде дека поради „премногу ограничениот видокруг и политизираната природа на резолуцијата, како и поради тоа што резолуцијата повикува на неприфатливо ограничување на основните слободи на изразување, САД не можат да ја поддржат“