(ВИДЕО) Гвардиола кон фудбалерите:Имајте повеќе секс !

од desk3
102 прегледи

Менаџерот на Манчестер Сити Хосеп Гвардиола го коментираше интервјуто на Самир Насри во кое фудбалерот откри за “секс забрана”, наметната од тренерот. На прес-конференцијата на Пеп синоќа, тренерот дискутираше за темата со претставниците на медиумите.

14795364982

Откако претставниците на Манчестер Сити се обидоа да го спречат прашањето, шпанскиот стручњак го охрабри: “Давајте! Станува збор за Самир Насри, за сексот, нели тоа сакате да прашате?”.

 

Гвардиола сепак исто беше спречен од предвидливиот портпарол до себе, пред друг новинар да се осмели исто така да го покрене прашањето. Тренерот беше запрашан дали сам го почитува правилото за “никаков секс по полноќ”.

Забавниот одговор не задоцни: “Невозможно е да играш добар фудбал, ако немаш секс. Никогаш не би направил такво нешто, треба да направат повеќе. Колку повеќе секс, толку подобри играчи ќе бидат.”