Прогласија за невин Американец, лежел 39 години во затвор за убиство

од desk3
84 прегледи

 

 

 

Маж од државата Јужна Каролина, кој лежел 39 години во затвор за убиство, кој го негирал,  е прогласен од полицијата за невин и ослободен, пренесоа американските медиуми.

 

zatvor

 

Локалниот весник “Хералд оф Рок Хилс” соопшти дека 61-годишниот Џејмс Роберт Маккларкин е ослободен со кауција. Полицијата и обвинителството сега велат дека тој не го убил 74-годишниот Клод Килијан во август 1973 година

 

 

Маккларкин и Реј Чарлс Деграфенријд биле осудени за убиството на Килијан во 1977 година врз основа на сведочењето на друг обвинет.

 

 

Минатиот месец локалниот шериф изјавил пред комисијата за условно ослободување на Јужна Каролина, дека Маккларкин е невин. На 11 октомври била донесена одлука, мажот да биде ослободен со кауција.

 

Тој се уште не е официјално прогласен за невин од судот.

 

 

Деграфенријд е во психијатриското крило на затворот. Маккларкин изјави дека и тој треба да биде ослободен.