Лекарите даваат надеж дека со време девојчињата ќе бидат како сите други деца.

Лекари успеаја да поделат сијамски близнаци по драматична, 18-часовна операција. Miracle и Testimony Ayeni пристигнале во Америка заедно со своите родители од Нигерија. Девојчињата се чувствуваат зачудувачки добро по тешката медицинска процедура и во моментов се подготвуваат за следни операции.
Близначките се родиле, соединети една со друга во областа на карлицата. Според лекарите тоа е многу редок случај.

Родителите на девојчињата ја напуштиле својата работа и решиле да се преселат во Америка, за да можат да им помогнат на бебињата.
“Постојано се прашувавме дали не ризикуваме и дали тоа навистина е најдобро за нив – да ги разделиме, конечно решивме дека тоа треба да стане независно од ризиците”, вели мајката на девојчињата, цитирана од агенциите.
18-часовната операција била направена во Мемфис. Лекарите требало да ги одвојат не само во кожата, но исто и со органите и нозете на девојчињата.
“Се чувствувам добро. Ако може да ги видите, немаше да поверувате дека поминале низ таква операција пред само една недела”, вели среќната мајка и признава како не верувала дека нејзините деца ќе можат да одат.
Лекарите даваат надеж за тоа и тврдат дека со време близначките ќе можат да трчаат и да си играат како сите други. Пред тоа сепак треба да поминат низ уште неколку операции.