Бесплатна телефонска линија за пријавување повреда на избирачко право

од desk3
137 прегледи

Во канцеларијата на Народниот правобранител од утре граѓаните ќе можат да пријават каква било повреда на избирачкото право на бесплатната телефонска линија 0800 54321, којашто ќе функционира од 8 до 16 часот.

Idzet-Memeti-naroden-pravobranitel-04-670x388

Ќе може да се пријават неправилности во изборниот период и на денот на гласањето.

– По пријавите на граѓаните ќе се постапува веднаш, по примениот повик, или  снимената порака. Народниот правобранител, правата на граѓаните ќе ги штити со преземање итни мерки за ефективно постапување од странa на надлежните органи во изборниот процес и другите институции кои се должни да им обезбедат заштита на нивните загарантирани права, се вели во соопштението од Народниот правобранител./МИА