Ново: Руски научници ќе вадат злато од јаглен…

од Vladimir Zorba
102 прегледи

1479714730-coal-471903-960-720-360x241

Руски научници развиле експериментална апаратура која може да извлекува до 1 грам од скапоцениот метал злато од тон согорен јаглен. Како што се тврди во објавата, цитирана од lenta.ru и Труд, на сајтот на регионалниот оддел на Руската академија на науките, Амурските научници 15 години го проучувале составот на јагленот од различни области и утврдиле дека во филтрите се одлагаат како корисни, така и штетни компоненти.
На пример од 1.000 килограми добиени во Ерковецкиот базен за јаглен може да се добие околу 1 грам злато.

“Принципот на дејство на системот е едноставен. Чадот од изгорениот јаглен се прочистува стократно. Отпрвин примесите (вклучувајќи и штетните) се мијат со вода, потоа се фаќаат со помош на филтри. Токму од нив се извлекува златоносниот концентрат, кој потоа се пренесува на дополнителна обработка и добивање на злато со потребниот процент на чистота. Методот е патентиран “, се вели во публикацијата.

Сега научниците аплицираат за грант од московската специјална хај производна зона Сколково во износ од 1,5 милиони рубљи (околу 22 илјади евра), за да ја развијат првата експериментална машина за добивање злато од јаглен. Планирано е таа да биде монтирана во еден од локалните ТЕЦ-ови.