Тајланд го зазема првото место во Топ 10 на земјите во кои се мами најмногу, пишува “Дејли експрес”. Рангирањето е составена врз основа на студии спроведени од компанијата “Дурекс” и различни дејт- сајтови.

Резултатите покажуваат дека првенци по изневери се Тајланѓаните – импресивни 56% од жителите на азиската земја имале вонбрачни афери. Едно од можните објаснувања за тоа е обилната потрошувачка на кари што локалните жители ја сметаат за афродизијак.
Второ место во своевидениот рејтинг на неверните земји го зазема Данска – 46% од жителите ставаат рогови на партнерите. Следат Италија и Германија со 45%. Во Топ 10 на земјите во кои се мами најмногу спаѓаат уште Франција (43 проценти), Норвешка (41 проценти), Белгија (40 отсто), Шпанија (39 проценти).
Првите десет се дополнува од Велика Британија и Финска со 36 проценти од жители кои признале за вонбрачни врски.