
Научниците открија дека жените се генетски програмирани да живеат подолго од мажите и истиот тренд се забележува кај нашите предци – приматите, пишува “Дејли мејл”, кој се повикува на истражувањето на проф. Сузан Албертс од универзитетот “Дјук” и додава дека во краткиот животен пат на претставниците на посилниот пол има длабоки наследни корени.
Нејзиниот тим утврдил дека луѓето ширум светот живеат подолго и поздраво, во споредба со минатото. Овој напредок ги зголемува шансите за преживување на бебињата и го намалува ризикот од предвремена смртност. Научниците анализирале податоци за над еден милион раѓања и смртни случаи од 19-тиот век до денес.
Во низата биле вклучени и статистики од постиндустриска општества, како оние во Јапонија и Шведска, а исто така и од прединдустриските времиња. Овие податоци биле споредени со должината на животот на неколку видови примати во последните 5 децении.
Меѓу испитаните мајмуни, лемури, капуцин, шимпанзата, павијаните и горилата. Кај луѓето и кај приматите бил констатирани генетиска штета кај претставниците на машкиот пол во споредба со женскиот.