(ВИДЕО+ФОТО) Скандал: Џастин Бибер удри и окрвави свој фан

од Vladimir Zorba
112 прегледи

1479872141-beaber

Поп ѕвездата Џастин Бибер го удри и му ја окрвави устата на свој фан додека пристигнуваше со автомобил за концерт во Барселона, пишува “Дејли Меил”.

Шокантните снимки покажуваат како 22-годишниот канадски пејач со тупаница го удира неговиот фан.
На снимката се гледа како автомобилот се движи бавно и ентузијастички фанот ита кон Бибер, за да го допре. Во тој момент одеднаш ѕвездата го удара во неговото лице.

Откако возилото се оддалечува, повреденото момче шокирано ја допира устата и покажува пред камерата и на потресените луѓе околу него како блика  крв и не може да поверува што му се случило.

Тоа е уште еден инцидент на пејачот откако и во минатото беше вмешан во вакви случки. Само пред помалку од еден месец пак ѕвездата одби за момент да го продолжи концертот, бидејќи публиката според него не го слушала што пее.