За Меркел најтешките години допрва доаѓаат

од Vladimir Zorba
113 прегледи

 

Најтешките години за Ангела Меркел допрва доаѓаат. Таа би можела да биде четврти пат избрана за германска канцеларка, ако воопшто се уште е можно нешто да се предвиди.меркелка

„Без оглед на губењето на поддршката во сопствените редови и веројатно уште послабата СПД, таа би можела повторно да основа голема коалиција. Но, дали тоа навистина ќе биде волја на гласачите, вистинскиот одговор на гласачите кои гласаат од протестите”.

Нејзиниот проблем е што како лице со својата Унија СДУ/ЦСУ и понатаму е број еден на следните парламентарни избори, но би била канцеларка на една прилично поларизирана политичка сцена.

„Значи, најтешките години за неа допрва доаѓаат. А и прашање е дали Ангела Меркел ќе може сама да одлучи за тоа кога повеќе нема да биде канцеларка.

Кралицата на Германија овојпат поаѓа од дефанзива, ослабена, а нејзината политика е одамна спорна. Таа беше приказна за успех, но денес многумина повеќе не се сигурни што би можеле да очекуваат од неа.

Тоа одеше добро се додека светот беше во ред, во времето пред бегалската криза, пред Брегзит, пред Трамп… Сега мора да се докаже во бурни времиња. Бидејќи, малиот број невработени, пристојниот стопански раст и солидната состојба во буџетот, повеќе не ги смирува граѓаните. Германија, Европа и светот се поларизираа. Дојдоа немирни времиња, а тешки партнери има се повеќе”.спигел меркел

Со оглед на сето тоа, Ангела Меркел сега, како што пишува „Њујорк тајмс”, повеќе од било кога, треба да преземе улога на „последна бранителка на либералниот запад”.

А дека тоа може да биде на долги патеки, таа мора за тоа да го добие потребното мнозинство во септември идната година.

Се што се случи пред 2015 година пред големиот бран на бегалци во Германија, повеќе од 10 години беше материјал од кој беше пишувана приказната за Ангела Меркел: приказни за детството, младоста и студирањето во ДДР, протестантското потекло, малку политика, но затоа знаци на некој кој вредно и упорно се стреми кон целта.

Кога на Хелмут Кол му падна ореолот поради се уште неразјаснетата афера околу финансирањето на партијата, Меркел настапи храбро и во 2000 година го презеде водството на ЦДУ. Тоа беше момент на раѓање на митот наречен Меркел која имаше подем се до летото 2015 година.

Од тогаш реалноста е побрза од политиката. Таа повеќе пати зажали поради она што во втората половина во 2015 година не сакаше да го види и спречи, неконтролираното доаѓање на стотици илјади бегалци. Веќе тогаш се слушна глас: Знае ли таа што прави?

Во коментарот се оценува дека Меркел не успеала историскиот момент да го сврти во правецот на реалната политика. Таа против себе ја сврти ЦСУ, ги преоптовари сојузните покраини и гледаше како вистинскиот и ирационалниот страв расте во општеството и како гневните граѓани ги носи во десничарската партија Алтернатива за Германија.

И во својата партија Меркел ја губи поддршката од граѓанското конзервативно крило, а во сестринската партија од Баварија, ЦСУ, во меѓувреме повеќе не сакаат сите да ја поддржат во изборната кампања и да лепат плакати.

Иста е состојбата и во Европската унија кога станува збор за губење на репутацијата. Таа прво ги отвори германските граници за стотици илјади бегалци, а потоа без претходен договор со партнерите на ЕУ, бараше бегалците да се распоредат по земјите на Унијата./DW