Шведска има намера да ја зајакне одбраната во Балтичкото Море, и го враќаат воготовност подводни противбродски комплекс од времето на Студената војна, соопшти Times.

Шведските власти ќе распоредат на остров Готланд подводни комплекси Kustrobotbatteri 90 развиени за истрелување на противбродски ракети RBS-15. Во 1987 година е предвидено формирање на четири такви комплекси, но конечно во вооружување е прифатена само една батарија, растурена во 2000 година
За да ја обноват крајбрежната ракетна артилерија на Готланд, шведските воени сили ги извадија од музејот товарните камиони Scania, од кои стартуваат ракетите.
“Ние анализиравме дали можеме да собереме нешто што ќе истрела ракета. Ни остнаа само неколку камиони. Ние, исто така зедовме компоненти од постојните ракетни исфрлувачи и воени бродови, опремени со овој ракетен систем “- изјавил за Times шведскиот контраадмирал Томас Енгел.
Изданието го објаснува зајакнувањето на Готланд со стремежот на Шведска да ја “воздржува” Русија.
“Располагаме со слично вооружување на Готланд, може да се контролираат екстензивно територии од централниот дел на Балтичкото Море” – тврди шведскиот аналитичар Мајк Винерстиг.
Шведските воени сили го напуштија Готланд уште во 2005 година, кога беше повлечена и последната воена единица. Се очекува во текот на летото на 2017 година да бидат распоредени две трајни единици – една механизирана (168 војници со 15 единици техника) и привремено една резервна чета (120 војници и 10 борбени машини)
Претходно, командантот шведските сили Микаел Бјуден изјави дека Русија ја носи главната одговорност “за влошената безбедносна ситуација во регионот”.
Референца на локално.мк:
Ракетата RBS-15 (Robotsystem 15) е противобродска ракета на шведската фирма Saab Bofors Dynamics. За главен мотор користи турбо мотор.
Далечината на акција – околу 90 километри; брзина – 0,8М;
Должина – 4,35 м; стартна маса – 600 килограми плус два барутни акцелераторри по 85 г.