Мирчевски: Се обврзуваме! Ќе обезбедиме здрава животна средина

од desk3
92 прегледи

Помина цела година откако градот Скопје и другите градови, па и Министерството
за животна излегоа со таканаречени препораки за намалување на загадувањето. Но
дали се намали? Не. Цела година, а посебно во последните неколку денови, повторно
дишеме воздух кој е загаден неколку пати над дозволеното.


Да потсетам, смртноста од мозочни удари, кардиоваскуларни заболувања, рак на
белите дробови во Македонија е двојно поголема од останатите земји, а загадувањето
на воздухот учествува со 40 проценти во создавање на компликации кај овие
болести- велат здравствените експерти. Аерозагадувањето не го напаѓа само
респираторниот систем, туку влијае на сите органи и системи во организмот. А
децата се најосетливата група на која влијае загадувањето на воздухот.
Што преземаат државните и локалните власти ова да се промени? Реално, ништо.
Наместо координирани и конкретни мерки за заштита од загадувањето, излегуваат
со препораки до граѓаните да ги проветруваат просториите во домовите и да не
излегуваат од дома.
Реално, во текот на изминатите години од своето владеење, оваа гарнитура на власт
само придонесе состојбата да се влоши. Со непланското градење го попречија
протокот на воздух и можноста за природно проветрување. Дополнително ги
зголемија површините наменети за автомобили уште повеќе, ги проширија улиците
на сметка на зеленилото и пешачките патеки. Тротоарите им ги одземаа на
пешаците и ги пренаменија во платени паркинзи. Дозволија увоз на стари и
нееколошки возила.
Да повторам, надлежните до сега не преземаа ни една организирана, конкретна
мерка да се намали загадувањето на воздухот и да се зачува здравјето на граѓаните.
Мерките против аерозагадувањето треба да се насочени кон изворите. Затоа,
Социјалдемократскиот сојуз во својот План за живот, покрај другото предвидува:
Спроведување нови режими на сообраќај во поголемите градови, и промоција на
употреба на гасни горива од типот природен гас и пропан- бутан.
Дополнително, ќе го стимулираме јавниот и организираниот превоз во градските
средини и во поголемите компании.
Обезбедување поволни кредити за замена на еколошки застарени технолошки
линии и инсталација со ефикасни системи за намалување на загадувачките
емисии.
Најитна, приоритетна мерка за намалување на загадувањето на воздухот е итната
промена на власта. Граѓаните имаат право на чиста и здрава животна средина.
После 11 декември ние тоа ќе им го овозможиме