Тој може да се заканува колку сака. И да го прави тоа што е можно погласно. Но турскиот претседател не може да ја поплави Европа со бегалци. Бидејќи “балканскиот правец” е затворен, пишува во својот коментар за ФАЦ

Нема зошто да се плашиме од заканите на Ердоган. “Балканскиот пат” е затворен.
Ердоган не може, како до пред една година, само да ги отвори границите и да ја поплави Европа со мигранти. Многумина од нив ќе се замислат дали да плаќаат на посредници, откако постои опасноста да останат приклештени на некој грчки остров. Покрај тоа договорот меѓу ЕУ и Турција, кој успеа да го намали значително бегалскиот поток, е во интерес и на самата Турција. Сепак него, Анкара добива од Брисел многу пари, можно е дури и да отпадне визниот режим за турските граѓани. Ако тоа се уште не се случило, тоа е поради споровите околу деталите. И тоа е сосема нормално. Бидејќи Европејците исто така треба да ги бранат своите интереси.
Ердоган уценува
Односно, Европа не треба да се плаши на обидот за уцена од страна на Ердоган. Останува прашањето зошто тој реагира така алергиски на една резолуција на Европарламентот, која самиот тој ја нарекува “без никаква вредност”. Ништо чудно Ердоган да не е толку сигурен во своите нови пријатели од Москва и Пекинг!