
Претседателот на Духовното управување на муслиманите на Украина и муфтија на Украина шеикот Ахмед Тамим изјави дека има закана Украина да стане територија на “Исламска држава”. Тој го кажа ова на состанок со учество на претседателот на Врховната Рада Андреј Парубин, соопштува “ПолитНавигатор”.
https://youtu.be/QPfaPP2d768
Муфтијата го критикуваше создавањето на баталјони на верска основа и посочи за закана од ширење во Украина на поддржувачи на Исламска Држава.
“Имаме интервенција на некои дипломати во проблемот со Исламот во Украина. Не би сакале тука да стане новата територија на ИД “, изјави муфтијата.
Според него, Украинците муслимани се во раскол. Во Украина има истовремено неколку различни исламски духовни центри.