Еве во која година настапува најголемата криза во бракот

од desk3
132 прегледи

Сопружниците не треба да се загрижени повеќе од кризата во седмата година од бракот, бидејќи таа е најтешка во 10-та година, објави “Дејли телеграф”.

1471432480-shutterstock-172133633-1

Тим од Универзитетот “Бригам Јанг” во САД собра податоци за семејниот живот на над 2.000 жени. Резултатите покажуваат дека од самиот почеток среќата во бракот се намалува, а комуникацијата помеѓу партнерите се влошува. Причината најверојатно е незадоволството на жените од товарот на домаќинските обврски и грижата за децата.

Работите почнуваат да се подобруваат дури по 15-тата година. Конфликтите благо пополека се намалуваат и ја достигнуваат најниската точка за 35-годишнината од бракот.

Податоците се собрани од жени, родени меѓу 1957 и 1964 година Тие покажуваат дека во самиот почеток 66 проценти од семејствата се среќни, но тоа чувство брзо згаснува. Една третина се подобруваат по три децении, но никогаш до нивото во медениот месец.