Во денешно време не е потребно за докажани тврдења: доволно е да пуштиш нешто во оптек – и ете, машината за пропагандиран на глупости се активира со полна сила, пишува во коментар на ФАЦ.
Америка не наоѓа спокој. И очигледно има некаков постизборен синдром на гневот, против кој идниот американски претседател не е имун. Но тоа едвај тоа го изненадува некого: Трамп е раздразлив човек. Доволно е да се потсетиме на предизборната кампања.
Овој пат тој е силно вознемирен од дискусијата околу новиото пребројување на дел од гласовите. Реакцијата на Твитер личи на бура: тој ги освоил не само повеќето изборни гласови, но и мнозинството гласови на американските гласачи.
Да, Трамп навистина доби повеќе изборни гласови, но на сите им е добро познато дека Хилари Клинтон го претекна со околу 2 милиони избирачки гласа. Сега новоизбраниот американски претседател тврди дека за Клинтон гласале милиони не-Американци. Интересно тврдење. А докази? Никакви. Тоа не го претстават и авторите и дистрибутерите на предметното тврдење. Но во денешно време не е потребно да се докажат тврдења: доволно е да пуштиш нешто во оптек – и ете, дека машината за пропаганда на глупости се активира со полна сила.
Загрижувачки е што новиот американски претседател очигледно не може да се контролира. При неговото его тоа може да се покаже многу опасно. Кажано поинаку: прашањето за тоа дали како карактер воопшто е способен за претседателската функција или ќе не занимава уште долго.
www.faz.net