Конечна пресметка со мафијашката структура на „Фамилијата“, овие процеси повеќе никој не може да ги сопре!

од Vladimir Zorba
95 прегледи

 

ИЗБОРИ 2016 или  Еден поглед од страна…

24228golema

Пред нас се нови вонредни парламентарни избори. Сосема прикладни на состојбата во која одамна се наоѓаме: вонредна, тешка и кризна. Од 2006 година (доаѓањето на Никола Груевски на власт) досега ние немаме редовни избори. Парадоксално е но вистинито но во овој период (2006 – 2016) сите изборни циклуси беа вонредни и иницирани од партијата на власт ВМРО ДПМНЕ освен овие кои се пред нас и до кој дојде по барање на опозицијата после емитувањето на т.н “бомби на Заев“ односно проектот „Вистината за Македонија“ со кои до коска се разобличи криминалниот, антидемократски и антимакедонски систем на владеење од страна на квислиншкта власт на Груевски.

Веројатно затоа, и во власта и во опозицијата како да надвладува Хамлетовскиот (Да се биде или не!) пристап кон овие избори. За владејачката коалиција предводена од ДПМНЕ Титаник разбирливо. Поразот на изборите ќе ги забрза процесите на соочување со одговорноста за сите злодела што ги направија нејзините челници во изминатите десет години. За опозицијата пак, претставена преку коалицијата на СДСМ и останатите помали коалиции, неуспехот би значел продолжение на авторитаризмот и дивењето на хунтата со сите негативни последици кои од тоа неминовно произлегуваат.

Не сум приврзеник на ваквите (речиси фаталистички) погледи на овие избори кои ги восприемам со нагласена смиреност и со двојно чувство: значајно ниво на скептичност и исто толку голема надеж! Тоа во никој случај незначи индиферентност или незаинтересираност за овој значаен настан. Напротив!

Скептичноста е во директна корелација со некои евидентни неповолни состојби oд кои нaјдиректнo зaвиси изборниот процес и ја проблематизираат неговата регуларност. Дел од нив веќе се пројавија во јавноста и во текот на досегашната изборна кампања: непрочистен избирачки список, обиди за поткупување на гласачи и директни учесници во процесот, отсуство на контрола врз огромни финансиски средства со кои располагаат дел од партиите, антагонизмот помеѓу приврзениците на најмоќните политички субјекти и општата негативна атмосфера што го следи овој процес. Секако, еден од клучните фактори кои директно (ќе) влијаат врз регуларноста на изборите е паниката и стравот во ВМРО ДПМНЕ од евентуален тежок пораз на овие избори што за нивното водство ќе значи директно и ексспресно соочување со одговорноста за многубројните злодела спрема граѓаните во изминатата декада на владеење. Стравот од тој чин очигледно предизвикува видливо агресивно однесување, инциденти и конфликтни сосотојби. Видовме и доживевме на што се’ не се подготвени груевистите за да ја сочуваат власта.

Кон ова според мене, бездруго треба да се додаде и недоволната подготвеност и свесност на опозицијата за соочување со предизвиците, димензионирање на кризата и промоција на реформските процеси кои треба да се преземат за нејзино надминување. Зборот „реформи“ како да не постои во говорите на политичките субјекти! За жал…

Надежта пак, директно извира од вербата во веќе започнатите процеси за демаскирање и детронизација на квислиншката, антидемократска и криминална власт на Никола Груевски најексплицитно изразени преку „Шарената револуција“ како плебисцитарно изразена воља на сите граѓани на земјата за ставање крај на кризата и режимот на коалицијата ВМРО ДПМНЕ – ДУИ, нужноста од започнување на длабоки и суштински реформи (Извештајот на Прибе како појдовна точка) и конечна пресметка со мафијашката структура на „Фамилијата“.

Овие процеси повеќе никој не може да ги сопре!

Токму затоа, драги мои, нема потреба од нервоза, стравување или разочараност доколку нештата не се движат со посакувана брзина или резултат. Без оглед каков ќе биде резултатот на изборите, едно е сосема сигурно: ерата на владеење на Никола Груевски и неговиот антимакедонски, квислиншки и криминален режим е неповратно завршена засекогаш! Може да скока, вреска, се кочопери и чатали уште малку или пак може ќе направи уште некоја пакост, но неминовната судбина дека „че си лежи“ не му бега! И нему му е јасно, совршено јасно, но болната суета и стравот од соочување со одговорноста го чинат своето.

Нереално е да се очекува дека овие избори ќе означат дефинитивен крај на кризата која ја окупира Македонија или пак сами по себе веднаш ќе резултираат со конкретни и радикални чекори во таа насока. Не, кризaтa дoпрвa ќе гo пoкaже свoетo вистинскo лице, a избoрите се само една важна етапа во целиот процес кој очекувано ќе биде долг, сложен, тежок и макотрпен и кој неибежно води кон нормализација на македонската држава преку демонтажа и детронизација на квислиншкиот режим на Груевски, согледување на сите димензии на комплексната кризна состојба, ослободување на државните институции од злокобната прегратка на мафијата, понесување на одговорност на челниците на криминалната хунта и итен почеток на длабоки реформски процеси во сите сегменти на општеството.

Од нас, и само од нас, зависи со колкава брзина, интензитет и квалитет ќе се одвива целиот овој процес за создавање на слободна, демократска, праведна и економски просперитетна држава.

Да ја искористиме шансата што е пред нас!

Бoрбaтa прoдoлжувa…!!!

Фејсбук стстус на Александар Диневски