(ВИДЕО) Заев: Нема повеќе арсен во вода да ги труе граѓаните, како во Гевгелија!

од desk3
100 прегледи

4281-zoranzaev_izjava301116

Но дозволете овде од душата на македонското земјоделие, од овде на границиата кон Грција и с.Богородица да испратиме неколку важни пораки.Овој гевгелиски регион пати од неколку болести, буквално којшто власта ги занемаруваше целиот овој период. Неможе во 21 век еве 10 години од кога се појави проблемот со водата за пиење на гевгеличани, никој да не прави ништо сите овие 10 години. Арсенот и неговото присуство во водата за пиење се покажаа преку сите анализи на СЗО, сите анализи којшто покажаа покачување на малигните заболувања и други видови на заболувања, навистина во 21 век ова е недозволиво. Иако власта избегнуваше да одговори и да признае дека има ваков проблем со изградбата на цевководот, водоводниот систем, резервоарот и слично, ги слушаме пред неколку дена конечно се фалат дека објавиле тендери да го изградат тој водоснабдителен систем за конечно граѓаните на Гевгелија, да добијат вода за пиење. Јас морам да им ветам на граѓаните дека вакви работи од аспект на вода за пиење, канализација, патна инфраструктура, или слично ќе бидат минато во Македонија.

Со промената на власта нема да зборуваме повеќе за теми којшто живот значат за граѓаните како што е водата за пиење. Овој проблем ќе биде веднаш одлучен во првите 6 месеци од новата Влада, распишани сите можни постапки и веднаш во најбрзо можно време ќе биде решен. Да зборуваме за економија, да зборуваме за перспективи, за повеќе пари кај граѓаните. Сакам исто така овде од овој земјоделски крај уште еднаш да испратам порака до сите земјоделци. 160 милиони евра ќе бидат годишно субвенциите, тоа се 640 милиони евра за 4 годишен мандат, но ќе бидат навремени, тогаш кога им требаат на земјоделците и ќе стигнат во рацете на вистинските земјоделци.

Главната преокупација на новата власт ќе биде да отвори пазари, пазари којшто досега се недостапни за македонското земјоделие, да створиме натпревар помеѓу откупувачите, да се јават нови откупувачи, преку натпревар овде кој повеќе ќе плати за земјоделските производи тој да ги земе.

Конечна цел мора да бидат парите да останат кај земјоделците, покрај целиот овој сет на мерки како што е укинувањето на персоналниот данок за земјоделството, воведувањето на зелената нафта којашто е 50% поевтина за користењето на земјоделските потреби и сите оние мерки кој значат подобрување на животот на село, овде од Богородица испраќам порака дека ќе создадеме амбиент, луѓето да останат и да живеат на село, односно ќе ја воведеме социјална пензија граѓаните со наполнети 65 години старост да добијат пензија без разлика дали имаат стаж работен или не.

Целиот овој сет на мерки придружуван од инфаструктурата конечно мора да овозможи, рамномерен регионален развој во Република Македонија. Гевгелија и гевгелискиот крај блескаа со децении во цела Југославија, навистина ова денеска што се случува оваа миграција, ова заминување на младите, запоставување на земјоделството, и огромната невработеност на младите ќе остане во минатото, заборавено за повторно да го вратиме сјајот и блесокот на Гевгелија, како што бил во минатото.

Слични содржини