Словачка усвои закон со кој ja пресече можноста исламот да стане официјална религија

од desk3
72 прегледи

Словачка усвои закон со кој ефективно ќе го спречи претворањето на исламот во официјална религија во блиска иднина, пренесува Voice of America. Ова е еден од последните примери за растечките антимусилмански расположенија во Европската унија. Поранешната комунистичка држава од 2015 година се обидува да се справи со големиот прилив на мигранти, кои се претежно муслимани. Владата на премиерот Роберт Фицо изјави дека исламот нема место во Словачка.

islam
Според новиот закон една религија треба да има барем 50 000 следбеници, за да може да добие државни субвенции и да создаде свои училишта. Пред промената прагот беше 20 000 лица. Во моментов 62% од 5,4-милионското население на Словачка се римокатолици. Според последните податоци во Словачка има околу 2.000 муслимани, а официјално во земјата нема ниту една џамија. Според Исламската фондација во Словачка бројот на следбениците на исламот е малку повисок – околу 5.000 лица.