Ердоган повика народот да ги сменат доларите во злато или лири

од Vladimir Zorba
79 прегледи

Ердоган повика сонародниците да  ги разменуваат  странските валути во турски лири , кои  продолжуваат да девалвира откако Европскиот парламент гласаше  за замрзнување на преговори

menuvachnitsa

Претседателот Реџеп Ердоган  ги повика Турците да ги  разменат странските валути во злато и локални лири, за да се стимулира националната економија, бидејќи вредноста на лирата  продолжува да паѓа во однос на доларот. “Нека оние кои имаат странска валута под перница ги  разменуваат во злато, во турски лири. Нека лирата  ја зголеми својата вредност. Нека и златото  ја зголеми својата вредност “, рече Ердоган во настап  на телевизиски говор. Во меѓувреме, додека Ердоган зборуваше, лирата се обезвредни дополнително и падна до 3,51 наспроти американската валута.

По претседателските обраќање лирата  се тргуваше за 3,55 – пад од повеќе од 1,5 отсто во текот на денот. Само во ноември лирата  загуби над 10 отсто од својата вредност во однос на доларот. Ердоган претпостави исто дека сили надвор од Турција “играат” против земјата и рече дека тоа може да се спротивстави преку размената на девизи во национална валута . “Не грижете се, наскоро ќе ги  прекинеме овие игри”, вети Ердоган. / АФП