Лазаров со девет гола најзаслужен за триумфот на Барселона над ПСЖ

од Vladimir Zorba
110 прегледи

 

Капитенот на македонската ракометна репрезентација Кирил Лазаров со девет погодоци беше најзаслужниот за победата на Барселона над ПСЖ.314205-lazarov-prv-rakometar-so-1-000-gola-vo-ligata-na-shampionite

Во спектакуларен меч на двете екипи со најдобар учинок во досегашниот тек на Лигата на шампионите, Барселона во „Палау Блауграна” го совлада ПСЖ со 35:32 (14:14).
Од македонските интернационалци Борко Ристовски не доби шанса.

Покрај Лазаров, во домашната екипа се истакнаа и Жалуз кој даде 6 гола, а Гонзало мечот го заврши со 14 интервенции.

Оваа победа го лансира тимот на Барселона како лидер во групата и најсериозен кандидат за освојување на првото место на крајот од групната фаза