Турција и предложи на Русија и Кина да се префрлат на порамнувања во националните валути

Тој додаде дека упатил ваков предлог и на Кина, ако тоа “биде е прифатено како разумно”, соопштува ТАСС.
“Дадов наредба на Централната банка. Се надеваме дека ќе успееме тоа да го реализираме. Освен тоа немирите на светскиот пазар влијаат врз нашата земја само со привремен ефект”, истакна уште турскиот претседател. Тој повторно ги повикува граѓаните и локалните компании да разменуваат странска валута со турски лири и да вршат плаќања во национална валута.
Според властите така ќе се зајакне побарувачката на турската лира, ќе се намали побарувачката на девизи, што треба да доведе до стабилизирање на девизните курсеви и зајакнување на валутата.
Во последниот месец турската лира загуби 10% од вредноста во однос на американскиот долар.Фактички секој ден падот на фунтата кон доларот и еврото тепа историските рекорди. Засега властите не се мешаат на девизниот пазар.