Во секој воен конфликт највеќе се продава американско оружје, Европејците и Русите им земаат дел од колачот…

од desk3
79 прегледи

Европски и руски фирми од воео-индустрискиот комплекс имаат освоено пазарни удели во 2015 година, иако на чело продолжуваат да се американските конкуренти, се вели во извештај на Стокхолмскиот меѓународен институт за истражување на проблемите на мирот (СИПРИ), цитиран од Франс прес.

f49afc727bc1065672c2682b86e8c6a4

Кај руските фирми растот се “одразува ан посветеноста на руското Министерство за одбрана да го финансира купувањето на воена опрема и покрај економските проблеми”, вели истражувачкиот институт. Руските компании сепак набавки и на други земји, претежно Индија и во помала мера Кина и Виетнам.

Првите 13 компании забележале 6,2 проценти зголемување на продажбата во 2015 година во однос на 2014 година, што сепак е значително помалку од зголемувањето од 48,4 проценти во 2014 година во споредба со 2013 година

СИПРИ изготвува листа на стоте најголеми даватели на оружје и воени услуги во светот, а ги исклучува Кинезите, кои не обезбедуваат веродостојни податоци.

Западот ги држи првите 12 места на листата. На чело се американските компании Локхид-Мартин со обрт 36,4 милијарди долари и Боинг со 28 милијарди долари, следени од британската Би Еј И Системс со 25,5 милијарди долари.

Вкупниот износ на продажбата во износ од 370,7 милијарди долари бележи пад за петта година по ред, овој пат со 0,6 проценти.

Американците ја задржуваат својата супериорност со 56,6 проценти од вкупната продажба, но губат пазарни удели, бидејќи прометот им се намалил за 2,9 проценти. СИПРИ го објаснува тоа со два фактори – таванот на државните трошоци во САД, вклучувајќи војската и посилниот долар, кој се афектира на извозот.

Фирмите од Западна Европа, пак, ја намалиле негативната тенденција и бележат зголемување од 6,6 проценти. Тие контролираат 25,8 проценти од пазарот во однос на 8,1 проценти за Русите.