Рекордни 22,2 милијарди долари бараат службата на ОН за координација на хуманитарни прашaња и нејзините партнерите за следната година, со цел да им помогнат на луѓето погодени од конфликти и сиромаштија во светот.
Сумата е повисока за 10 отсто во споредба со минатогодишната. Со тие пари, смета Службата на ОН, ќе им се помогне на речиси 93 милиони луѓе во 33 држави од кои две третини во Африка. Над една третина од тие средства – 8,1 милијарда се за луѓето во Сирија и бегалците од таа држава, а други 4,4 милијарди долари ќе бидат за луѓе во Јемен или за бегалци од таа држава, како и за Јужен Судан.
– Ова е состојба невидена досега од Втората светска војна – над 128 милиони луѓе имаат потреба од наша солидарност за да преживеат и да живеат безбедно во достоинство, изјави директорот на таа Служба, Стивен О’Брајан.
– Над 80 отсто од потребите се предизвикани од конфликти и тоа се зголемува од година во година, наведе тој.
Највисоката единствена сума во барањето е 4,7 милијарди долари за План за регионален одговор за Сирија. Во 2016 година донатори обезбедиле 11,4 милијарди долари за таа Служба на ОН. Со тоа е создадена најголема празнина во финансирањето.