Матео Ренци – младиот политичар кој брзаше со реформите

од Vladimir Zorba
81 прегледи

Италијанскиот премиер Матео Ренци го измина за 1000 денаи патот од популарен и реформски настроен млад раководител до неуспешниот лидер, критикуван од политичката класа и отфрлен од мнозинството Италијанци.

Околу 60% од избирачите на Апенинскиот полуостров рекоа “не” на неговите уставни реформи и со тоа му нанесоа удар на самодовербата на човекот кој во февруари 2014 година, на 39 години, стана најмладиот премиер во историјата на републиката.

Тогаш тој вети дека ќе ја реформира својата земја од основа и да ја изведе на челно место во Европа. Но, и покрај енергијата што никој не му ја негираше на овој тосканец така и не успеа да ги убеди, а уште помалку да ги спои своите сонародници.

Често обвинуван дека управува сам, без да бара компромис, Ренци направи длабоки поделби и во својата Демократска партија меѓу мнозинството и левите “бунтовници”.

Пред три години тогашниот градоначалник на Фиренца стана лидер на централно-левичарската Демократска партија и вети дека “ќе го исфрли на ѓубрето” партиските великани и уште неколку луѓе.

За целта отстрани од патот влијателни луѓе

Страствен корисник на социјалните мрежи, овој политичар кој никогаш не бил пратеник, ниту имал функција во владата, дојде на власт, радувајќи се на голема популарност, која беше обратно пропорционална на недовербата на Италијанците кон политичката класа. Таа беше ги зацврсти на евро изборите во јуни 2014 година, кога Демократската партија победи со 40% поддршка.

Откако вети една реформа секој месец и големи промени во првите 100 дена, Ренци брзо го ревидира распоред и во текот на летото на 2014 година и си даде 1000 дена да ја промени Италија.

На листата влегува реформи на пазарот на трудот, наметната од синдикатите и прифатена на сила од парламентот.

Таа придонесе за зголемување на бројот на постојани работни договори. Но со цената на скапи даночни олеснувања кои според основниот италијански синдикат не ја решаваат во суштина проблемот со невработеноста.

Ренци сепак вели дека ова е клучна и вистинска лева реформа – нешто парадоксално за човек кој ги смета за надминати судирот лево-десно и секогаш изразува уверување дека неговата партија не може да победи на изборите, ако не ја привлече поддршка од десноцентристите.

Тој дури успеа да ја добие поддршка од поранешниот премиер Силвио Берлускони, кога беа договорени уставните реформи, но нивниот “пакт” се распаѓа на почетокот на 2015 година

Ренцио, кој е динамичен, амбициозен и со “желба за власт” според некои, го задржа изгледот на вечен младич со тоскански акцент и кој зборува со лесен дефект.

Тој ја изненади јавноста во Рим, како и си зборовите негови блиски кога остануваше да работи цела ноќ во палатата “Киџи” и чекаше да дојде викенд за да оди во Тоскана кај сопругата Аниезе и нивните три деца.

Критикуван поради склоноста да истакнува авантури во политиката, тој неуморно одговараше на критичарите, обраќајќи се директно на граѓаните на “Фејсбук” и “Твитер” со волунтаристка реторика инспирирана од “Да, ние можеме” на Барак Обама, еден од менторите во политиката.

Роден на 11 јануари 1975 година во Фиренца, со диплома по право, горд на годините поминати како католички скаут, тој уште на 19 години заминува по стапките на својот татко, општински советник од Демохристијанската партија.

Ѕвездата му изгрева на изборите за градоначалник на Фиренца во 2009 година. Тој ги изненадува сите, отако гизаработува првичните избори на левоцентристите против официјалниот кандидат на Демократската партија. Иако во 2012 година неговиот прв обид да ја предводи партијата не успева, една година подоцна, тој стана национален секретар – , од кој исто така може да биде принуден да се откаже со ризик да ја стави под прашање политичкаата иднина.

Како поранешниот премиер Масимо Далема и поранешниот градоначалник на Рим Валтер Велтрони. Првиот не го заборави тоа и ја водеше кампања за поддршка на “не” во целата земја, иако продолжи да биде член на партијата.

На 13 февруари 2014 година Ренци го исфрли за кратко вториот човек од партијата Енрико Лета, за да ја предводи владата. “Биди спокоен, Енрико” – кратко беше порака, која Ренци ја објави на “Твитер” на адреса на својот претходник месец пред да го замени, и ја обиколи Италија.