(ЕКСКЛУЗИВНО ВИДЕО) Кошмарна и тажна вест: Нема преживеани во урнaтиот пакистански авион, со него патувал светски познат пејач

од Vladimir Zorba
102 прегледи

Информацијата е потврдена и од меѓународните авиокомпании

Сите 48 патници кои биле во пакистанскиот авион, кој се урна во северниот дел на земјата се загинати, пренесува AFP”.
Во авионот патувал и познатиот пакистански пејач Џунаид Јамшед. Со него била и неговата сопруга.

Веста беше потврдена од братот на Џунаид и веќе стотици фанови на пејачот жалат на интернет за загуба.

“Никој не преживеал”, изјави портпаролот на службата за цивилна авијација.

Информацијата е потврдена и од Пакистанските меѓународни авиокомпании.

На местото на несреќата се околу 500 војници, лекари и лица од спасувачките служби, кои трагаат по остатоците на загинатите. Според официјалните регистри на палубата на авионот биле 48 лица, плус пет лица од екипажот.

Веќе се појавија и првите слики на загинатите стјуардеси.

Еве и уште кадри од несреќата: