(ФОТО/ВИДЕО) Терористички напад кај пирамидите во Египет, 6-мина мртви…

од desk3
81 прегледи

Шестмина египетски полицајци беа убиени и тројца минувачи повредени при експлозија на Улицата на пирамидите во центарот на Каиро, пренесоа ДПА и ТАСС, повикувајќи се на извори од силите за безбедност. Според полициски портпарол, цитиран од ТАСС, извршен е терористички акт, при кој била поставен наполнет со експлозиви автомобил.

Полицајци веднаш го отцепија реонот крај џамијата “Ас Салјам”, крај која пукнам бомбата. По булеварот, каде избувна експлозијата, често минуваат туристички автобуси кон пирамидите во Гиза.

Според репортерот на Асошиетед прес на местото на експлозијата, атентаторите очигледно целеле во два полициски џипа, паркирани на улицата крај контролниот пункт. Еден од џипови е целосно уништен, а другиот е тешко оштетен. Крај полицискиот кордон се собрале многу луѓе.

На социјалните мрежи загинатите полицајци се опишани како маченици, кои “не се двоумеле да ја заштитат својата земја” и “се жртвувале за да се заштити земјата”.

Ниту една од познатите терористички групи не презела досега одговорноста за нападот, кој се покажа како најкрвав во Египет по месец мај. Тогаш вооружени отворија оган врз минибус кој превезуваше полицајци во цивилна облека, во предградие на Каиро и убија 8 од нив.

https://youtu.be/CfN1Hgw-KfA

Екстремистичката група “Исламска држава”, која има силна локална структура на Синајскиот полуостров, ја презеде одговорноста за нападот во мај.