Ал Бано опериран по двоен инфаркт

од Vladimir Zorba
77 прегледи

Пејачот Албано Кариси, познат под уметничкото име Ал Бано, беше итно опериран по доживеаниот инфаркт, соопшти сајтот на списанието “Оџи”. Според изданието пејачот се наоѓал во Аудиториум во Рим, каде што пробувал за концертот за Божиќ. Тој се почувствувал лошо во вчера вечерта за време на пробите, по што итно бил транспортиран во болница. Се покажало дека доживеал два инфаркта. Операцијата траела три часа и завршила успешно. “Сега сум добро. Ги слушав сите во салата за операција, ми доаѓаше дури да кажам нешто, но потоа си реков – подобро да им го оставаам тоа на хирурзите “, рече пејачот. Тој бил опериран со делумна анестезија. Според самиот Ал Бано по два дена тој ќе излезе од болница. “Таму горе не ме сакаат, па ќе останам подолу”, се пошегува пејачот.