Пред околу една година Вин Дизел беше фатен од папараците како го покажува топлес големото шкембе на хотелски балкон во Флорида. До денес, сепак, акциониот актер го поврати своето совршено, здраво тело.

49-годишниот Вин го покажува во новиот број на магазинот Men’s Health. Додека се покажува со мускули, Дизел зборува за тоа дека разбрал какво е чувството да те критикуваат за несовршениот изглед.

Ѕвездата од “Брзи и бесни” вели дека инцидентот со шкембето го натерал да разбере дека во Холивуд сите треба да изгледаат совршено во секој момент, што е прилично исцрпувачки.

“Јас имав најдобро сложено тело во Њујорк со децении и овие негативни коментари ме погодија многу.”

Во новата фотосесија актерот кој има три деца, покажува дека доста се потруди во салата во последните месеци.

Сепак во почетокот на идната ќе излезе неговиот нов филм “XXX: Враќањето на Ксандер Кејџ”, во кој учествува и Нина Добрев.

Сепак Вин признава дека кога не се снима активно, не е и многу редовен во салата.

“Кога не снимам филм, спортувам помалку. Покрај тоа никогаш не доаѓам до крајности во однос на диети и начин на исхрана. Сакам да изгледам силен, но автентичен. “

Во интервјуто Вин  го коментира и својот покоен пријател и колега Пол Вокер, кој почина пред три години во неверојатен инцидент со автомобил. Малку по неговата смрт Дизел доби ќерка, која ја крсти Полин во чест на Пол. Денес тој вели дека неговото девојче секој ден го потсетува на неговиот драг пријател, кој веќе не е меѓу живите.

“Мислам за него секој ден. Секој пат кога ќе ја погледнам ќерка ми. Оваа загуба останува со мене засекогаш “, објаснува тој.

За да ги видите сликите на Вин за изданието, посетете ја галеријата.

 

Така изгледаше Вин пред една година. Фото: Splash News