ДИК: До 17 часот излезноста 60,38 отсто

од desk3
79 прегледи

До 17 часот одѕивот од гласањето на денешните предвремени парламентарни избори е 60,38 проценти, соопшти на прес-конференција претседателот на Државната изборна комисија (ДИК) Александар Чичаковски.

Излезноста во првата Изборна единица е 66,38 проценти, во ИЕ 2 59,76 проценти, во ИЕ 3 е 64,89 проценти, во ИЕ 4 е 67,15 проценти, во ИЕ 5 е 58,46 проценти, а во ИЕ 6 изнесува 46,82 отсто.

Изборна единица Запишани избирачи Број на ИМ Процесирани ИМ Вкупно гласале Излезност
ИЕ 1 295.858 522 521 196.030 66,38%
ИЕ 2 306.471 504 502 182.469 59,76%
ИЕ 3 280.727 682 678 181.829 64,89%
ИЕ 4 282.537 599 595 190.098 67,37%
ИЕ 5 290.433 655 655 169.440 58,39%
ИЕ 6 307.817 516 516 143.987 46,82%

 

Како што информира Чичаковски, од прелиминарно обарботените податоци за гласање во дијаспората, досега гласале 8.208 избирачи или 39,90 отсто од запишаните 20.571.

Според  портпаролката на ДИК Љупка Гугучевска, до ДИК се поднесени 335 приговори. Најголемиот дел од граѓаните се пожалиле дека ги нема на Избирачкиот список. Сите приговори се одбиени зашто, како што објасни Гугучевска, од досега разгледаните приговори е утврдено дека овие граѓани биле на списокот со спорни гласачи и не поднеле барање за пријавување во предвидениот рок./MИА

Слични содржини