Едно од компромисни решенија е Никола Груевски да не биде премиер, смета Александар Јорданов
“На изборите во Македонија сите се победници, но вистината е дека опозицијата постигна многу сериозен успех. Резултатот им е речиси еднаков со до неодман владејачката партија. Никола Груевски загуби над 10% од резултатот, кој го имаше на претходните избори “, рече тој.
“Се зголемува улогата на албанскиот фактор во македонската политика. Сите албански партии беа исклучително критични во предизборната кампања кон Груевски и неговата партија “, аналзира поранешниот амбасадор.
“Добро е што некои промени во Македонија ќе има по овие избори”, додаде тој.
Многу е тешко повторно ВМРО ДПМНЕ да состави влада во оваа ситуација. Можеби ако тоа се случи, ќе се дојде до нови протести, коментира поранешниот амбасадор на Бугарија во Македонија, Александар Јорданов.