Русија успеа да ги подели ЦИА и ФБИ за победата на Доналд Трамп

од desk3
77 прегледи

Федерално биро за истраги на САД (ФБИ) не ја дели позицијата на Централната разузнавачка агенција (ЦИА) дека Русија му помогнала на милијардерот Доналд Трамп на неговиот пат кон Белата куќа. Ова го пишува во свој материјал The Washington Post.


Авторитетнот американски весник се повикува на изјави на висок функционер на ФБИ, направени пред Комисијата за разузнавање во Сенатот. Службеникот зборувал зад затворени врати, но сенатори-демократи дале детали за изјавата. Во комисијата беше дискутирано мислењето на ЦИА дека руски извори ги доставиле на WikiLeaks пораките на поранешниот државен секретар и претседателски кандидат на демократите Хилари Клинтон. Одговорот од страна на ФБИ беше “нејасен” и “двосмислен”, коментираат изворите на весникот.
Според инсајдерски информации ФБИ не “оди во чекор” со ЦИА, бидејќи инсистира на цврсти докази и факти. ЦИА има поголема склоност кон позиции кои се оправдани на база на однесување, односно кој заработува од даден развој на работите.
“ФБИ мисли во криминални рамки – можеме ли да го докажеме тоа во судот. ЦИА проценува каква е надмоќта на познатите информации и дава позиција, за да може политичарите да направат информирана одлука”, коментира неименуван сенатор.
“Ни покажаа дека имаат способност и можат да го прават тоа на среднорочен и долгорочен аспект. Би било небрежно од наша страна да не испитуваме и да не преземеме мерки”, коментира сенаторот-демократ Ангус Кинг, член на Комисијата за разузнавање.
“Нема неспорни докази. Има само навестувања и индиректни докази – толку “, возврати републиканецот Девин Нунес, кој беше претседател на средбата на сенатската комисија со претставникот на ФБИ. Потсетуваме дека директорот на ФБИ Џејмс Коми се најде под оган на Хилари Клинтон и демократите, бидејќи ден пред изборите соопшти дека има нови пораки односно нови докази, потенцијално поврзани со истрагата дали како државен секретар Клинтон не користела незаштитена пошта и незаштитен однос, за да испрати “чувствителна” за САД службена информација.
Во саботата, 10 декември, сенаторот Хари Рид го повика Коми да поднесе оставка, бидејќи намерно сокрил докази за мотивите на Русија да интервенира во корист на Трамп.

Поради острите реакции во петокот (9-ти декември) сеуште актуелниот американски претседател Барак Обама нареди да биде направена ревизија на хакерските напади од Русија на американска почва. Обама сака извештајот да биде подготвен пред реалниот крај на неговиот мандат. Во Конгресот сепак веќе има гласови и за истрага под нивна јурисдикција.