ГРУЕВСКИ: Ќе го намалиме политичкиот јаз меѓу граѓаните, ќе работиме на обединување!

од Vladimir Zorba
139 прегледи

Ќе работиме на тоа да се намали политичкиот јаз меѓу граѓаните на Македонија. Ќе работиме на намалување на тој јаз, на обединување, Македонија да ја изградиме со повисок стандард, да ја направиме земја кој ќе се движи кон Европската унија, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски синоќа  пред симпатизерите кои се собраа во партискиот штаб, откако ДИК ги соопшти првичните резултати и победата на неговата партија

– Без вас немаше да ја има оваа победа. Оваа победа е заедничка. Ова е десетта победа на Македонија, за ВМРО-ДПМНЕ и за граѓаните на Македонија – рече Груевски.Тој додаде дека следи процес на формирање коалиции и формирање нова влада која, како што рече, ќе треба да ја врати земјата на патот на напредокот.

– Ќе пристапиме кон преговори за формирање коалиција, за формирање влада. Народот очекува да заврши кризата, преку глава му е од кризата, конечно да се вратиме на патеките на нови работни места, на субвенции, на патеките на кои ќе се решаваат сите проблеми на граѓаните – рече Груевски.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ нагласи дека идната влада ќе работи на намалување на политичкиот и на еничкиот јаз меѓу граѓаните.

– Ќе работиме на тоа да се намали политичкиот јаз меѓу граѓаните на Македонија. Ќе работиме на намалување на тој јаз, на обединување, Македонија да ја изградиме со повисок стандард, да ја направиме земја кој ќе се движи кон Европската унија. Тоа немаше да биде можно без поддршката од граѓаните кои создадоа атмосфера на мирни, конкурентни избори – рече Груевски.

 

Тој додаде дека  и ќе се вложи голема енергија за да се реализираат ветените проекти од изборната програма.

Пред неговото обраќање,пред просториите на зградата на ВМРО-ДПМНЕ, се собраа повеќе симпатизери на партијата кои откако го свртеа градот со свиреа со автомобили и  развиорени знамиња , тука пред седиштето ја славеа конечната победа на нивната партија на изборите кои се одржаа во неделата.

Непосредно пред собиранката ДИК  јавно ги соопшти официјалните резултати од гласањето,  според кои ВМРО-ДПМНЕ освоија 51 мандат,  опозициската СДСМ освои 49 мандати, ДУИ освоиле 10 мандати, движењето БЕСА пет мандати, Алијансата на Албанците три мандати и ДПА два мандата.

ПОгледнете го видето на ТВ НОВА  од прославата