СДСМ и Движењето БЕСА поднесоа приговори до ДИК

од Vladimir Zorba
76 прегледи

Шестата изборна единица  по се изгледа најпроблематична, но тука е и двојката. СДСМ и „Беса“ се единствените партии кои потврдија дека доставиле приговори до Државната изборна комисија за неправилност во изборниот процес и пребројувањето на гласовите, во рамките на предвидениот рок.

Од СДСМ приговорите пред се се однесуваат на шестата изборна единица. Од „Беса“ пак, во ДИК се жалат за проблеми во неколку избирачки места во Липково, Арачиново и Тетово.

„Во секоја изборна единица сме оштетени за повеќе од 1000 гласови. Станува збор за еден мандат во втората изборна единица и еден мандат во шестата изборна единица“, рече Блерим Сејдиу, „Беса“. Тие улажуваат дека е евидентирано семејно гласање, неовластени лица на гласачките места, гласачи кои ливчиња ги изнеле надвор од просториите. Затоа бараат повторување на гласањето во места.

ДУИ потврди дека нема да поднесат приговори.И од ВМРО ДПМНЕ  засега нема приговори. Од какви било рекации до ДИК се откажаа и од Коалицијата за промени и правда .