(ВИДЕО) Кумановскиот началник на полицијата синоќа ги молеше граѓаните да ги пуштат полицајците, кои дојдоа со намера да го апсат

од Vladimir Zorba
92 прегледи

Специјална полиција вчера влезе во куќата  на началникот на полицијата на СВР Куманово, Стојанче Величковиќ. 

По налог на јавното обвинителство, специјалците упаднаа во домот на началникот на Куманово при Министерството за внатрешни работи, Стојанче Величковиќ, и направиле претрес на неговиот дом.

Околу 500 граѓани, веднаш по информацијата се собраа пред домот на кумановскиот началник на полицијата, во негова одбрана, кои бараа одговори зошто  толку голем број на специјалци и зошто полицијата го приведува кумановскиот началник.

Неофицијално се посочуваше  дека најверојатно обвиненението е злоупотреба и изборен криминал.

Кумановскиот градоначалник, Зоран Дамјановски – Циц, кој беше меѓу граѓаните кои протестираа, за Локално.мк изјави дека кордон од стотина полицајци го окупирале домот на Величковиќ, на што спонтано се собрала голема маса на луѓе кои направиле голема тензија. Градоначалникот, потоа посочи дека излегол началникот кој дал изјава,  и повикал на смирување на тензиите, додека полицијата се повлекува.

 

Според извори од МВР од домот на началникот се запленети некакви  документи и списоци, за кои има сомнеж дека се злоупотребени за изборни нерегуларности.

Величковиќ,  пак, изјавил  пред граѓаните пред неговата куќа дека ова е налог на обвинителот Марко Зврлевски против него затоа што спречил изборен криминал на денот на изборите, а не дека сторил криминал. Потоа тој  ги замолил граѓаните да ги пуштат да си заминат специјалците.

Инаку, Величковиќ неодамна беше избран за началник на Куманово од страна на министерот за внатрешни работи назначен од редовите на социјалдемократите во преодната влада, Оливер Спасовски, потоа  беше разрешен со заминување на Оливер Спасовски и повторно вратен со неговото враќање на чело на МВР, од страна на министерот Спасовски.

Напнатоста пред куќата на началникот на СВР Куманово, Стојанче Величковиќ, потоа се смири.  Тој не беше приведен, а целата процедура ќе се тера по регуларен пат.