Американското разузнавање: Путин лично учествувал во хакирањето на изборите во САД!

од Vladimir Zorba
55 прегледи

Целите на домаќинот од Кремљ биле мултилатерални, вели за NBC News висок функционер.

Претставници на американското разузнавање сега веруваат “со високо ниво на увереност” дека рускиот претседател Владимир Путин бил лично вмешан во тајната руска кампања за мешање во претседателските избори во САД, објави NBC News повикувајќи се на високи претставници во американското разузнавање.
Двајца високи функционери, кои имале пристап до информациите велат дека новите разузнавачки податоци покажуваат дека Путин лично раководел со акцијата, а добиените материјали преку хакерските активности требало да станат јавно добро и да бидат употребени. Разузнавачките податоци се добиени преку дипломатски извори и шпиони кои работат за американските сојузници, велат изворите.

Целите на Путин биле мултилатерални, вели изворот за американскот медиуми висок функционер во разузнавањето. Почнало како “одмазда” против Хилари Клинтон за да се трансформира во напор за прикажување на корупцијата во американската политика и за “поделба на клучните американски сојузници преку создавање на мислење дека не може повеќе да се потпираат на САД кој треба да бидат сигурен глобален лидер”, вели изворот .

Минатата недела “Вашингтон пост”, напиша дека по оценка на ЦИА Русија е одговорна за сајбер-нападот против пораки на американски личности и институции. Целта била да се сврти мислењето за корист на кандидатот на републиканците за претседател – Доналд Трамп.

Како главен аргумент за тврдењето на западните медиуми истакнаа е неспособноста на Путин да и прости на Клинтон, која во 2011 година ги подложи јавно под сомнеж легитимитетот на руските парламентарни избори. Подоцна тој ја обвини и дека предизвикала уличните протести против него.

Русија ги нарече “неосновани” обвинувањата на ЦИА – “обвиненија од професионалци, кои немаат ништо заедничко со реалноста”. Оценката ја направи портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков. Новоизбраниот претседател на САД Доналд Трамп исто така ги отфрли наводите како смешни – тврдењата на ЦИА за руска хакерска интервенција на изборите во САД.

За Ен Би Си анонимните извори на разузнавањето споменуваат и уште една наводна причина – намерата на Русија да демонстрира корупција и ранливост на американската политика. Со тоа таа цели да ги “отцепи клучните сојузници на САД да им им покаже дека САД веќе не е сигурен светски лидер, на кого може да се смета”.