Лидерите на ЕУ на денешната средба во Брисел одлучија да ги продолжат за уште шест месеци економските санкиции за Русија, чиј рок истекува на 31 јануари 2017 година, соопштија двајца дипломати од Унијата. 
ДПА потсетува дека мерките се во сила од јули 2014 година и се воведени како одговор на руското анксирање на Крим и поддршката на Москва за проруските сепаратисти во источна Украина.
Полска беше меѓу земјите членки на ЕУ кои бараа продолжување на санкциите на подолг рок, но Италија се спротивстави со аргументот дека треба да се бараат начини да се обноват економските односи со Москва.