Електрични оргазам в сабота во МКЦ

од desk3
103 прегледи

Српскиот рок бенд „Електрични оргазам“ утре, по 23 години, повторно ќе настапи во Македонскиот културен центар во Скопје.

„Електрични оргазам“ годинава прославува 35 години од основањето и 30 години од култниот албум „Дисторзија“. Бендот го прославува јубилејот со турнеја по големите градови во поранешна Југославија, со свирење на целиот албум од прва до последна песна.

Албумот „Дисторзија“ е сниман во рана пролет во 1986 година во Загреб, во продукција на Гиле и Иван Пике Станич. Впечатливиот и оригинален омот на албумот е дело на сликарот Радован Хиршл./MИА