Судбината на генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг повторно се покажа под прашање: како што пишува The Washington Post, овие денови во Брисел претставници на Доналд Трамп фактички му поставиле на Столтенберг ултиматум, принудувајќи го да направи голем број промени во Алијансата – вклучувајќи да го отпушти заменикот Роуз Готемулер ,кој ја претставува администрацијата на САД.

Судбината на самиот Столтенберг сеуште не е позната, но на Трамп може да му затреба разботата на овој поранешен несстабилен агент на КГБ, тврди “Лајф.ру” и открива, повикувајќи се на извори од тајни служби, малку познати детали од кариерата на генсекот на Алијансата.
Тие звучат буквално како шпионски роман.
Роден во пролетта 1959 година Јенс Столтенберг потекнува од исклучително богат и влијателен род во Норвешка, нарекувајќи ги “норвешките Кенеди”. Тоа не го спречи неговиот татко Торвалд да проживее бурна младост со “учество во светските револуции”, а во 1956 година заминал за Будимпешта да го поддржува антикомунистичкото востание и за малку не го прегази советски тенк. Сестрата на Јенс – Камила, израсната меѓу студентите-анархисти и обожаватели на “Црвените бригади”, дури влезе во затвор.
Таткото постепено се отрезнил и станал доста конзервативен. Тој залудно влијаел на младиот Јенс да сослушува различни перспективи и да бара компромис.
Јенс активно учествувал во демонстрациите против војната во Виетнам. После подготвувал револуционерна експедиција до Хаити по примерот на Че Гевара и Фидел Кастро.
По службата во армијата Јенс се запишал на Економскиот факултет на Универзитетот во Осло. се оженил . После решил да стане новинар и започнал работа во весникот Arbeiderbladet, привлекувајќи внимание на општеството со несолени статии во кои ги повикува властите да го напуштат НАТО.
Токму тогаш на него обратиле внимание и во резидентурата на советската амбасада во Осло.
Во тоа време татко му Торвалд Столтенберг се издигнал до лидер на владејачката Народна работничка партија на Норвешка, влегол во парламентот, беше министер за одбрана и на МВР. Мајка му ја раководеше надворешната трговија на Норвешка, потоа ја водела работата на Министерството за социјална политика.

Првата средба на младиот Јенс Столтенберг со заменик-резидентот на КГБ во амбасадата потполковникот Борис Кирилов се одржала “случајно” на некоја изложба на левичар-авангардист. Потполковникот се претставил како советски дипломат (културен аташе) и го покорил момчето со знаење за трендовите во современата уметност. Пиеле кафе, продолжено се шетале низ центарот на Осло и разговарале за советската “перестројка”.
Јенс бил незадоволен од Горбачов дека прави отстапки на “светската клика на капиталистите”. “Да, сега ви е тешко да живеете, на вас ви се чини дека комунистичкиот експеримент е неуспешен, но дознаете дека Советскиот сојуз е водечки светилник за целиот свет. Наскоро кон вас ќе се приклучат европските браќа по класа и ќе ви стане полесно. ”
Во 1985 година Столтенберт ја предводи Младинската работничка лига, средбите продолжиле, но постојано место за нив беше Таверната “Строторвет”. Седеле на крајот маса до прозорецот и спореле за се возможно.
Столтенберг изразил подготвеност да работи за Советите, но само – прашањето било принципиелно – на совршено доброволна основа: никакви потписи за соработка, никакви обврски и парични надоместоци. Тој сакал да разговараат само по идеолошка проблематика.
Јенс не знаел дека уште по првата средба Борис Кирилов напишал задолжителниот извештај за средбата, му отворил досие и му измислил прекар “Стеклов”.
На врбувањето на синот на самиот Торвалд Столтенберг во Москва му дале огромно политичко значење, особено по серијата неуспеси на КГБ во Норвешка во почетокот на 80-тите години.
Кирилов добил наредба да не брза со врбувањето на Јенс – штом младиот човек сака да разговара, значи така ќе биде. За КГБ било важно да знае што се зборува во домот на Столтенберг постариот, каква е климата во владата.
И досега не е јасно како норвешките контраразузнавач дознал за тајнот советски агент со прекар “Стеклов”. Во тоа време Борис Кирилов почувствувал нешто погрешно и од целата документација предвидливо избришал секакви споменувања за личноста на “Стеклов”. Не можел сепак да го спречи предавството од Москва.
Мајорот од КГБ во амбасадата Михаил Бутков (син на полковникот од КГБ) во пролетта 1991 година отишол во резидентурата на британското разузнавање МИ6 во Осло и ги понудил услугите за азил во Лондон и пристојна егзистенција. Британците се согласиле, но поставиле услов да се открие името на агентот Стеклов.
Бутков зел одмор и заминал за Москва. Била конфузно 1991 – време на “безвременост”. Таму Бутков ги убедувал своите колеги дека сака да работи со “Стеклов”. Го добил името само за шише коњак и 1 салама. Впрочем помогнал таткото (исто полковник на КГБ) на неговата млада љубовница Марија, која во меѓувреме се развела и била подготвена да го следи во Лондон со својата мала ќерка.
а 22 мај 1991 година мајор Михаил Бутков исчезнал од руската амбасада во Осло. Љубовница го следела.
Борис Кирилов продолжил секој ден да оди во таверната “Строторвет”. На 31 мај Столтенбергстанал гневен и направил скандал со дипломатот.
“Твоите другари ме продадоа! Го предале досието на англичаните, а тие ги активираат нашите жандарми. Вчера дојдоа дома. Замисли каков скандал! ”
Она што дипломатот го скаменило, било дека Столтенберг си ги кажал псевдонимот “Стеклов”. Ужас! На Кирилов му станало јасно дека предавството е од “врвот”.
“Оди по ѓаволите!” – Го благословил на збогување младиот маж.
На вратата на локалот стоеле двајца здрави мажи, однадвор чекале два црни автомобили. Не го уапсиле, за да го заштедат од скандалот со еминентниот наследник на родот Столтенберг.
Инцидентот со неговото откривање не само што конечно го излекувал Јенс од “детските болести на левичарството”, но и го насочи против Русија. Во руската држава тој видел предавници на меѓународното работничко движење, капиталисти и реваншисти, кои ја запреле спектакуларната изградба на социјалистичката иднина.
Самиот Јенс по инкриминирањето завршил со блага уплав. Не е познато што го чинело на Столтенберг-татко да го замачка скандалот, но конечно норвешките контраразузнавачи поверувале дека Јенс не знаел дека комуницира со агент на КГБ, и не предал важни информации.
По некое време целосно оправдано Столтенберг е назначен како чиновник во владината Комисија за одбрана. Тоа е почетокот на драстичната кариера: член на парламентот, министер за трговија и енергетика, министер за финансии …
Во 2000 година стана најмладиот премиер во историјата на Норвешка. А на 28 март 2014 година, Советот на НАТО го именува Столтенберг за генерален секретар на Алијансата за период од 4 г, пишува во заклучокот “Лајф.ру”.