
?????????????????????????????????????????????????????????
МИНИМАЛНИ ТЕМПЕРАТУРИ
-12 Лазарополе, -11 Берово, -9 Маврово, Крушево, -8 Кр. Паланка, -7 Ѓуриште, Пожаране, -6 Тополчани, -5 Скопје-Петровец, Дебар, Д. Капија, Виница, Тетово, Штип, Струмица, -4 Охрид, Битола, Претор, Куманово, Прилеп, -3 Скопје Зајчев Рид, 0 Гевгелија, Дојран.
НАВРНАТ ВОДЕН ТАЛОГ (во л/м2) за 24 часа, до 8 часот.
Провејување на слаб снег на планините и повисоките места во западните и северните делови.
МОМЕНТАЛНА СОСТОЈБА
Во првата половина од ноќта преовладуваше умерено а на некои места облачно време. Облачноста се намалуваше и во втората половина од ноќта насекаде во земјава беше ведро и студено. Дуваше слаб северозападен ветер, кој повеќе беше изразен на повисоките места и планините. Утринава насекаде во земјава е сончево и студено со слаб северозападен ветер.
ВРЕМЕТО ДЕНЕС
Сончево и студено со мала облачност и со слаб до умерен северозападен ветер. Највисоката дневна температура на воздухот ќе се движи во интервалот од 2 до 8 степени.
Скопје Сончево и студено со мала облачност и со слаб до умерен северозападен ветер. Највисоката дневна температура на воздухот ќе достигне до 5 степени.
ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ
За викендот и в понеделник изутрина времето ќе биде ведро и студено, а преку денот сончево со мала облачност и со благ пораст на дневната температура. Од понеделник попладне облачноста ќе се зголемува, и до крајот на работната седмица се очекуваат повремени врнежи од дожд и снег.