Најмалку 13 лица загинаа а 48 се повредени во ужасниот бомбашки напад во турскиот град Кајсери. Експлозијата била насочена против автобус кој превезувал војници.

Инцидентот се случил пред локалниот универзитет. Терористите активирале бомба која била поставена во паркиран автомобил, соопштува Sky News, повикувајќи се на свои извори од турската армија.
Во автобусот патувале претставници на елитна единица од турската армија, кои биле пуштени на одмори. Според Hurrieyet нападот е извршен од бомбаш-самоубиец, кој активирал автомобил бомба во моментот кога покрај него минувал автобус со војската.
![]()
Засега нема подетални информации за нападот, но од фотографиите, во мрежата, станува јасно дека било навистина стравично.
Не е јасно и дали меѓу повредените нема студенти. 
Нападот се случи само една недела по унишувачкиот експлозија во центарот на Истанбул. При експлозијата до стадион Бешикташ умреа 44 лица, од кои повеќето – полицајци. За нападот одговорноста ја презедоа од протерористичната Курдистанска работничка партија.
Погледнете уште кадри од Ужасната експлозија во турскиот град:
